Прволигашот Младост од Богданци успеа во своите редови да ги задржи левиот бек Мите Караиванов и левото крило на екипата, Димитар Пеев.
Раководството на Младост со Караиванов се договори на нова соработка, која ќе важи плус една година, додека соработката со Пеев беше продолжена на уште две години.
Двајцата ракометари играат важна улога во составот на Младост, кој е на добар пат да се врати во Суперлигата, но за остварување на таа цел ќе треба да одигра најдобро што може во останатите 5. коло од регуларниот дел од Првата лига, како и во натпреварите од плеј-оф фазата.
Ракометарите на Младост во есенскиот дел од сезоната запишаа десет победи и еден пораз во рамките од Групата А. Младост се позиционираше на 3. позиција во својата група зад второпласираниот Драчево и лидерот на табелата, Вардар Неготино.
Екипата од наредната недела ќе започне со подготвителни натпревари.