Тимот на Металург доби нов тренер што ќе го наследи Иван Марковски, кој си замина од Автокоманда пред неполн месец. Се очекува заедно со новиот тренер да дојдат и неколкумина играчи, а се „кандисуваат“ и старите да останат.
Како што најави 24Ракомет, легендарниот македонски репрезентативец Игор Котевски се врати во друштвото на Металург, односно во матичната Автокоманда, откако претходно го водеше составот на Металург РА.
Сега Металург е во потрага по засилувања за тимот кои треба да ги пополнат испразнетите места и да го зголемат ростерот.
Котевски претходно ги водеше и Бутел Скопје, младинската екипа на Пролет, како и Голден Арт. Со сите екипи имаше успех. Беше блиску и до седнување на клупата на првиот тим на Металург, но по заминувањето на Дамир Стојановиќ своевремено, тој како тренер на вториот тим требаше да ја преземе екипата, но тоа не се случи.
Тимот од Автокоманда е на осмото место на табелата, со 21 бод, четири помалку од Охрид, Тиквеш и Пролет кои се борат за едно место што води во плејофот. Од регуларниот дел на сезоната остануваат уште шест кола, а потоа се разигрува за титула и за опстанок.