Натпреварите од групната фаза во Лигата на шампиони за жени влегуваат во завршна фаза. Најголемиот фаворит за освојување на европската титула Ѓер продолжува без грешка и во 10. коло лесно и убедливо ја совлада екипата на Крим со 40:27.
Екипата до Унгарија доминираше на овој натпревар, уште на полувреме беше познат победникот кога Ѓер водеше 22:14. Во продолжението без проблеми стигнаа до убедлив триумф. Ане Мете Хансен и Крина Пинтеа со по осум гола беа најефикасни во тимот на Ѓер, додека за Крим се истакна Алисон Пино и Аља Варагиќ со по пет гола.
Мец го одржува чекорот со Кристијансанд во борбата за второто место кое води директно во четвртфиналето после победата на домашен терен против Кастамону со 33:27. Францускиот претставник имаше сигурно издание, на полувреме водеше 17:10 и во продолжение не дозволи изненадување и славеше победа. Тамара Хорачек со шест гола беше прв стрелец за Мец, а во тимот на Кастамону уште еднаш најефикасна беше Јованка Радичевиќ со осум гола.
Ракометарките на Брест славеа против ЧСМ Букурешт со 24:21 и се израмнија со по десет бода на табелата со романскиот претставник. Првиот дел беше максимално израмне и на полувреме екипите заминаа со 11:11. Во продолжението Брест имаше многу подоборо издание особено во одбрана, а фантастична беше Клеопатра Дарле на голот со 20 интервенции што беше доволно за конечна победа.
Најефикасна во победничкиот тим на Брест беше Паулин Коатанеа со пет гола, а Фауске постигна четири. Кристина Неагу беше најефикасна во составот на ЧСМ Букурешт со седум гола но дури од 19 удари. Солидна на голот беше Јелена Грубишиќ со 13 одбрани.