Десподовска во трка за играч на колото во Полска

Интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска која настапува во првенството на Полска продолжува со одличните игри за својот клуб Кобержице.

Таа во 13. коло беше најефикасна во својата екипа постигнувајќи 10 погодоци и беше најзаслужна за победата на нејзиниот тим. Десподовска влезе во изборот од три ракометарки за играч на колото.

Конкурентки во овој избор на Македонската се Доминика Виецковска од Љублин и Патрисија Чојнацка од Келце. Трите ракометарки беа номинирани во изборот за најдобра од три различни медиуми.

На линкот во продолжение може да гласате за Зорица Десподовска со соодветна реакција на сликата.