Бројките на Македонија на ЕП: 70 гола, 35 одбрани, еден играч кој играше без замена… (ФОТО)

Со три порази на трите натпревари од првиот круг, Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Веќе е позната и комплетната статистика за направеното.

Македонија постигна 70 гола на трите средби, а прими 86 погодоци. Процентот на реализација е 59, додека противниците имаа 71 процент успешност против нашата одбрана.

На три средби настапија 19 играчи

Натпреварите против Словенија, Црна Гора и Данска беа можност за 18 играчи да забележат настап на Европското првенство. Тие добија можност за да одиграат и да запишат настапи. Тоа беше можност и за дел од нив да дебитираат на овој шампионат.

Најефикасниот со 15 погодоци

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2 кој остана единствен избор на лево крило на ова првенство, Цветан Кузманоски беше единствениот изведувач на ударите од седум метри. Од 11 шута искористи 8, а постигна и уште седум гола од игра. Со вкупно 15 погодоци тој беше прв стрелец на Македонија и лидер на списокот од 13 играчи кои се запишаа меѓу стрелците на ова првенство.

НАЈЕФИКАСНИ – ТОП 5

15 – Цветан Кузманоски

11 – Мартин Велковски

10 – Златко Пешевски

9 – Филип Кузманоски

7 – Филип Кузмановски

Кузманоски играше речиси без одмор

Со оглед на тоа што немаше замена на ова првенство, левото крило Цветан Кузманоски помина најдолго време на теренот. Тој имаше два часа, 55 минути и 16 секунди што е неверојатно за него бидејќи првпат добива вака одговорна задача во сениорската селекција. Тој практично не беше на терен само четири минути и 44 секунди од максималното време на трите средби.

На два часа беа уште само Филип Талески и Мартин Велковски, шестмина беа над еден час, а само тројца имаа едноцифрен број на минути на теренот.

НАЈГОЛЕМА МИНУТАЖА – ТОП 5

2:55:16 – Цветан Кузманоски

2:34:01 – Филип Талески

2:22:37 – Мартин Велковски

1:54:32 – Гоце Георгиевски

1:49:16 – Филип Кузмановски

Постигнавме 70 гола, голманите собраа 35 одбрани

На трите натпревари Македонија имаше постигнато 70 погодоци што е слаб просек од 23,3 гола по натпревар. Процентот на реализација е 59, со оглед на тоа што головите беа постигнати од 118 шута.

Од линијата од седум метри биеше само Кузманоски со 73 проценти ефикасност (8/11), од шест метри беше 22 од 33 или 66 проценти успешност, додека од девет метри шутот е 6 гола од 20 упатени удари.

Martin TOMOVSKI (12) during the handball match North Macedonia vs Denmark, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Debrecen ,Hungary, 17.01.2021, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Тројца голмани беа во составот на овие средби. Томовски бранеше еден час, 39 минути и 14 секунди, додека Митревски на голот мина еден час десет минути и 33 секунди. Чаневски беше во состав само на првиот натпревар, но не влезе во игра.

Митревски имаше 16 одбрани од кои еден беше удар од седум метри. Томовски имаше 19 интервенции, а исто така имаше и еден удар.

Комплетната статистика на сите играчи можете да ја видите во продолжение на фотографијата.