Репрезентацијата на Русија ја запиша третата победа во својот трет натпревар од групната фаза на Европското првенство откако беше убедлива против Словачка со 36:27.
Избраниците на Велимир Петковиќ победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кое го одиграа во одлично издание, постигнаа 19 погодоци, додека Словачка успеа да постигне само девет во руската мрежа.
Андреев, Косоротов и Житников уште од самиот старт започнаа да го полнат голот на Словаците. Неизвесноста траеше само пет минути кога резултатот беше изедначен, 2:2. Во продолжението, позитивната разлика на Русија се зголемуваше од минута во минута.
По дваесетина минути игра, водството на ракометарите на Русија беше плус девет гола разлика, 15:6. Русите на полувреме заминаа со висока позитива од 19:9.
Во второто полувреме настана вистинска хаварија на домаќинот. Во еден момент водството на Русија беше 23:10 и 24:10. Покрај големиот број на грешки, дополнителен проблем за Словачка беше расположениот голман, Виктор Киреев. Последниот дел од натпреварот беше само чиста формалност.
Русија во првите два натпревари беше подобра од Литванија, односно Норвешка.
ЕП 2022, ГРУПА Ф – ТАБЕЛА