Репрезентациите на Холандија и Исланд одиграа одличен и жесток натпревар во 2. коло од групата Б, а после голема борба победата им припадна на ракометарите на Исланд кои славеа со 29:28.
Се играше максимално борбено уште од почетокот на дуелот, Исланд отвори со 2:0 и 3:1, но Холандија веднаш израмни. Холанѓаните го преземаа водството и го диктираа резултатот, но имаа само минимално предност.
Јонсон и Гудјонсон постигнаа погодоци за два гола предност на Исланд во 25. минута. До крај на првото полувреме Палмарсон со гол го потврди одличното полувреме на неговиот тим и на одмор заминаа со водство од 16:13. Првиот дел се играше многу цврсто во одбрана на двете страни со жестоки стартови и исклучувања.
Во 37. минута Исланд стигна до највисоките пет гола кога поведе со 20:15, но и при ваква негатива Холанѓаните не се предадоа и во 52. минута повторно стигнаа до израмнување. Во завршните минути се играше врвен ракомет на двете страни, со брзи акции и атрактини погодоци.
Непогрешливиот Гудјонсон постигна гол за 28:26 на четири минути до крај, а потоа завршницата беше многу неизвесна. Исланд имаше играч помалку, но, сепак, успеа да ја сочува предноста и да стигне до втората победа на првенството.
Гудјонсон беше најефикасен со осум погодоци, а Палмарсон беше втор стрелец со шест гола во тимот на Исланд. За Холандија уште еднаш Кај Смитс беше прв стрелец со 13 погодоци, а Баијенс постигна шест гола.
ЕП 2022, ГРУПА Б – ТАБЕЛА