Репрезентацијата на Хрватска обезбеди победа од 23:20 на дуелот против Хрватска со што беа обезбедени и два бода и резултат кој речиси и да значи пласман во втората рунда бидејќи
Од почетокот на средбата имаше големо надигрување. И двете селекции се менуваа во водство и се обидуваа да го контролираат натпреварот. Не им одеше најдобро постојано да бидат во предност бидејќи имаше често парирање и од двете страни така што неизвесноста постоеше што покажува и резултатот и бројот на головите од крајот на првото полувреме.
Хрватите на оваа средба го имаа Лука Циндриќ, кој можеби немаше многу голови, но беше одличен лидер во нападот и водач на Јагањац и Мартиновиќ кои имаа простор за реализација. Им се придодаде и Чупиќ така што можеа да имаат постојана контрола на резултатот.
Водството коешто во првиот дел беше изразено со 11:9 во продолжение постојано беше контролирано и селекцијата на Хрватска немаше проблеми да го зачува ова водство. Србија се обидуваше да фати приклучок, но тешко успеваше да стигне до реализација бидејќи и Шуњиќ бранеше одлично, па на крајот Хрватите се радуваа.
Во последните моменти Србите се трудеа да не загубат со голема разлика во случај да се направи круг на три репрезентации со четири поени доколку ја совладаат Франција в понеделник така што ќе биде интересно до крај. Засега Хрватска е поблизу до втора рунда.
ЕП 2022, ГРУПА Ц – ТАБЕЛА