На вториот натпревар на Европското првенство репрезентацијата на Македонија го претрпе и вториот пораз откако од почетокот до крајот против Црна Гора беше во негатива, а епилогот беше изразен со четири гола негатива и резултат од 24:28.
Од почетокот на средбата беше тешко да се следи ритамот на Црногорците кои го зададоа првиот удар бидејќи успеаја да поведат брзо со 4:0. Репрезентативците на Македонија тешко следеа и само Серафимов на стартот успеваше да погоди и да ја одржува Македонија. Сепак, негативата отиде дури до пет гола пред да почне засилувањето на ритамот.
Идејата во нападот конечно се разбуди во втората половина на првото полувреме кога после неколку измени во составот дојдоа неколку погодоци и поцврста одбрана, па се фати приклучок.
Во завршницата на првото полувреме се дојде до негатива од два гола, па и до еден погодок, но шансата за израмнување не беше искористена така што противникот успеа да замине на одмор со водство. Македонија имаше 16:17 што беше најава дека во продолжение ќе мора да се крене ритамот.
Првото израмнување на средбата дојде на почетокот на второто полувреме. Реализацијата беше за 17:17, но потоа одново се дозволи противникот да се разигра. Неколку грешки, некоја одбрана на Симиќ беа причина за Црна Гора одново да дојде до плус три. Иако се бараше шанса за нов приклучок, сепак, не се користеше најдобро просторот.
Дури и кога ќе се добиеше чист простор за шут, Симиќ беше тој кој беше пречка која не можеше да се помине. Голманот на Црна Гора се разбрани и не дозволи Македонија да се врати. Имаше малку погодоци во вториот дел што беше и за очекување после 33 гола во првите 30 минути така што беше навистина тешко да се направи пресврт.
Во целата ситуација добро беше што Митревски одигра расположено и успеа да врати со некоја одбрана. Сепак, во финишот немаше решение за ништо особено за голманот на Црна Гора дури и од ситуации од кои е потешко да се промаши отколку да се погоди така што на крајот беше 24:28 што ја остави Македонија без шанса за втор круг.
ЕП 2022, ГРУПА А – ТАБЕЛА