После поразот во првото коло од Франција, Хрватска е пред нов предизвик и во вториот напревар на ЕП ќе игра против репрезентацијата на Србија во балканското дерби која во првото коло беше убедлива против Украина.
Хрвоје Хорват и сите поддржувачи на Хрватска добија одлични вести после најновото тестирање на играчите на Ковид-19. Лука Циндриќ доби негатитен резултат на тестот и веднаш се приклучи на тимот што значи дека ќе настапи на вечерашниот дуел против Србија.
Хрватска и понатаму има многу проблеми со коронавирусот, на вчерашното тестирање позитивен резултат добија Леон Шушња и Ловро Михиќ, па селекторот Хорват мораше да ги повика Жељко Муса и Валентино Равниќ.
Големото балканско дерби кое привлекува огромно внимание на програмата е во сабота со почеток во 20:30 часот.