Македонија добива засилување: Митревски е на пат за Дебрецин

Првиот избор за голот на Македонија, Никола Митревски веќе е на пат за Дебрецин и би можел веќе утре да го облече дресот на дуелот против Црна Гора.

Голманот кој имаше позитивен тест пред тргнувањето, направи неколку тестови после заминувањето на делегацијата и сите беа негативни. Тоа само даде можност дека ќе биде подготвен за настап. Со оглед на тоа што немаше никакви симптоми и негативни тестови веќе тргна на пат и денеска ќе им се придружи на колегите.

Во Дебрецин го очекува ново тестирање. Доколку и на овој тест биде негативен тогаш ќе може да настапи уште утре на дуелот против Црна Гора. Воедно ќе биде и големо засилување за натпреварот против Данска в понеделник.

Инаку, вчера Мартин Томовски одлично ја заврши својата задача, но поддршка од поискусниот колега секако ќе биде добредојдена.