Велковски: Словенците мислеа дека лесно ќе поминат, жалам што не извлековме подобар резултат

Машката репрезентација на Македонија загуби на првиот натпревар на Европското првенство од Словенија со 27-25.

Десниот бек Мартин Велковски смета дека и покрај добрата игра, неискуството во клучни моменти и техничките грешки беа пресудни за поразот.

„Мислам дека игравме доста добро, брзо, ете можеби малото неискуство доведе до техннички грешки и неискористени шанси кои ни се отворија со нашата игра и желба за да направиме добар резултат. Мислам дека ги изненадивме и Словенците, тие мислеа дека полесно ќе поминат. Но изглеговме и игравме со срце за Македонија, но жал ми е, сметам дека можевме да имаме подобар резултат“, вели Велковски за 24Ракомет.

Повредата на Кире Лазаров сега отвора простор повеќе за игра за него и за Серафимов.

„Можеби ми беше малку потешко, бидејќи претходно имав претходно имав помала минутажа, но сега се отвори поголем простор. Мора да се искористи секоја шанса за докажување пред Европа“, продолжи Велковски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде Црна Гора.

„Сега имаме ден два да се спремиме за Црна Гора, треба да се види и со ковид ситуацијата, но по мечот со Данска ќе имаме јасна слика за нивната игра“, заврши Велковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра утре во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.