Филип Кузмановски беше од играчите што го понесоа товарот на денешниот прв меч на ЕП 2022 на кој Македонија достојно се спротивстави, но на крај загуби од Словенија.
Иако Словенците имаа контрола во поголем дел од мечот, Македонија можеше во финишот да се врати и да им ги замрси сметките.
„Беше голем хендикеп што не можеше да игра Кире Лазаров. Ни недостасуваше денеска на терен. Но, покажавме борбеност, издржавме силно темпо 60 минути, покажавме континуитет. Нема простор за разочарување, гледаме напред кон следниот натпревар. Искрено, многу верував дека може да победиме во овој меч со Словенија, го посакував тоа. Не треба да се трошат зборови каква репрезентација е тоа, какви играчи имаат, од прв до последен, искусни се, на секое натпреварување се борат за медал. На крај загубивме два разлика. Направивме многу технички грешки. Во некои ситуации каде што се кршеше резултатот, кога требаше ние да направиме разлика, тогаш потфрливме. Направивме премногу технички грешки, не контрираа и после беше тешко да се вратиме. Криво ни е секако. Треба да ги анализираме грешките и да бидиме подготвени за сладниот натпревар“ – истакна Филип Кузмановски.
Вториот натпревар во групната фаза, Македонија ќе го одигра против Црна Гора на 15 јануари од 18:00 часот.