Сите што патувале со автомобил до Унгарија, знаат на границата меѓу Србија и Унгарија секогаш се чека повеќе од потребното.
Таков проблем денеска имале и македонските навивачи кои синоќа тргнаа кон унгарскиот град за да и дадат поддршка на нашата селекција.
Тие биле задржани седум часа на граница, но рано утринава пристигнаа во Дебрецин и ќе бидат подготвени од петни жили да навиваат во „Феникс Арена“.
Засега не е позната вкупната бројка на поддржувачи на Македонија, но се очекува да бидат неколку стотини.
Македонија вечерва го игра првиот натпревар против Словенија од 18:00 часот, додека за два дена ќе се сретне со Црна Гора во истиот термин.