Во составот на Македонија за Европското првенство ќе го нема главниот столб на одбраната, Никола Митревски, кој имаше позитивен тест пред заминувањето за Дебрецин.
Митревски беше цела сезона во одлична форма и од него се очекуваше да биде адутот на средбите на Европското првенство. Сепак, после неговиот позитивен тест мораше да се повикаат нови голмани бидејќи и Марко Кизиќ е меѓу играчите кои не можат да патуваат од исти причини.
На нивно место се повикани Градимир Чаневски и Благојче Трајкоски, а тие се дебитанти на Европските првенства. Како што е познато Трајкоски бранеше за Македонија на едно големо натпреварување, но тоа беше Мундијалот во 2017 година. Во голманската тројка ќе биде и Мартин Томовски.
Покрај нив од оние кои се подготвуваа со репрезентацијата меѓу патниците за Дебрецин ги нема и Михајло Младеновиќ и Гоце Ојлески.
Македонија ќе го игра првиот натпревар на 13 јануари против Словенија, на 15 ќе се соочи со Црна Гора, додека на 17 јануари на програмата е пресметка со Данска.