Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш ќе има на располагање 19 ракометари за Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Во последен момент покрај голманот Урбан Лесјак, кој имаше позитивен тест на коронавирус, отпадна и средниот бек на Нант, Рок Овничек, кој има повреда на рамото.
Словенците со автобус од Зрече ќе отпатуваат до крајната дестинација Дебрецин, каде што ќе се играат натпреварите од прелиминарната фаза.
Во групата А во „Феникс Арена“, Словенија на 13 јануари отвора со дуел против Македонија, на 15 јануари ќе игра со Данска, а за крај следува двобој со Црна Гора.
Состав на Словенија:
Голмани: Пантар, Кастелиц, Бажник
Леви крила: Соколич, Кодрин
Десни крила: Јанц, Маргуч
Пикери: Благотиншек, Сухолежник, Потеко
Леви бекови: Мачковшек, Левц, Хенигман
Средни бекови: Скубе, Зарабец, Макуц
Десни бекови: Грошељ, Доленец, Цехте