Селекторот на репрезентацијата на Чешка, Растислав Тртик го соопшти конечниот список на ракометари кои ќе настапат на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
На списокот се наоѓаат 20 ракометари, меѓу кои и искусните Роман Бечвар, Tомаш Бабак, Томаш Чип и Јакуб Хрстка. На Европското првенство најмногу ќе се очекува од ракометарот на Мешков Брест, Станислав Кашпарек.
Добра вест за Чесите е дека ракометарот Матеј Клима доби негативен резултат на ПЦР тестирањето откако претходно беше позитивен.
Чешка во првата фаза ќе игра против селекциите на Шпанија, Шведска и Босна и Херцеговина. Избраниците на Растислав Тртик за прв ривал ја имаат селекцијата на Шпанија.