Одлуката на ракометната федерација на Данска да не патуваат на првенството во Унгарија со чартер лет е тешко сфатлива за левиот бек Мадс Менсах Ларсен, сепак тие пристигнаа веќе во Унгарија според планот.
Данците до Унгарија патуваа со редовен лет од Копенхаген преку Амстердам до Будимпешта. Потоа од главниот град на Унгарија со атобус пристигнаа до Дебрецин каде што ќе ги играат натперварите во рамки на групата А.
Данската ракометна федерација избра да заштеди пари наместо на организира чартер лет за своите ракометари што можеше да го намали ризикот од заразување на ракометарите. Ваквата одлука не му се допадна на Менсах кој не се чувствувал баш безбедно на патувањето.
„Патувањето беше и безбедно и не безбедно. Мислам дека е глупаво што го направивме ова вака како што го направивме. Но веќе помина и се надевам дека се ќе биде во најдобар ред. Пристигнавме и верувам дека сме безбедни“, рече Мадс Ларсен.
Данска првиот натпревар го игра во четврток против репрезентацијата на Црна Гора, а во групата А уште ќе се сретне и со Македонија и Словенија.