Репрезентацијата на Србија се наоѓа во неизвесна ситуација бидејќи селекторот Тони Херона уште не знае на кои ракометари ќе може да смета за стартот на Европското првенство, а меѓу позитивните од последните тестови е и поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев.
Информациите кои пристигнаат велат дека тој се чувствува добро и има само благи симптоми исто како Илија Абутовиќ, но останува да се види кога ќе добие негативен тест и кога ќе може на терен.
Она што во моментов е познато е дека тој е неизвесен за 13 јануари за првото коло, но добрата вест е тоа што Владимир Цупара е одново на терен.
Дел од ракометарите веќе добија негативни тестови и тие можат одново назад на терен, но останува да се види со каков состав селекцијата на Србија ќе го почне Европското првенство и кои играчи ќе бидат подготвени и ќе имаат дозвола за да истрчаат на терен во првото коло против Украина.