Селекцијата на Русија им врати на Хрватите за вчерашниот пораз и денеска дојде до победа од 28:26 откако имаше далеку подобро второ полувреме во кое обезбеди предност од четири гола.
Хрватите одиграа подобро во првите 30 минути, но според играта која ја прикажаа не одеше најдобро и ова влијаеше на текот на резултатот во продолжението од средбата. После 13:11 во првиот дел во вториот гостите од Русија покажаа повеќе и успеаја да надоместат и да обезбедат предност за конечни 28:26.
Најрасположен за игра во редовите на Хрватска беше Халил Јагањац. Поранешниот член на Металург постигна девет гола кои беа реализирани од десет шута. На оваа средба настапи и вардарецот Анте Гаџа кој имаше два гола од четири удари. Поранешниот играч на Вардар, Иван Чупиќ заврши со 0 од 3, додека во Русија, Шишкарев имаше само еден погодок. Кај Русите најефикасен беше Житников со пет гола.
Унгарија, пак, немаше никаков проблем со селекцијата на Бахреин и победи со 36:30 со што најави добро првенство, но дефинитивно тоа ќе биде можно доколку се поправи играта во одбраната.
На оваа средба голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ имаше три одбрани од десет шута кон голот додека тој беше во игра. Три одбрани имаше и Роланд Миклер, но од 26 шута. Прв стрелец на Унгарија беше Доминик Мате со седум гола, додека шест имаше Петар Топиќ.