Еден од осумте членови на репрезентацијата на Црна Гора кои беа позитивни на коронавирус е селекторот Зоран Рогановиќ.
Тој од вчера е во карантин, а тренинзите на ривалот на Македонија на Европското првенство ги водат неговите соработници од стручниот штаб.
Рогановиќ повторно ќе биде тестиран на 10 јануари, ако добие негативен тест ќе патува за Дебрецин, ако не, веројатно селекторската улога ќе ја преземе спортскиот директор Драшко Мрваљевиќ.
Црногорците го планираат својот пат за Дебрецин на 11 јануари, а ќе заминат само оние со негативни тестови.
Македонија и Црна Гора ќе играат во второто коло на Европското првенство на 15 јануари од 18:00 часот.