Селекцијата на Хрватска забележа победа на првиот пријателски натпревар од двата планирани против Русија.
Избраниците на Хрвоје Хорват без поголеми проблеми триумфираа над ослабенната „зборнаја“ со 30-24.
По првиот дел беше 15-12, а вториот дел заврши со ист таков резултат во натпревар во кој се истакна десниот бек Иван Мартиновиќ со десет гола.
Халил Јагањац даде пет погодоци, додека Филип Главаш имаше четири, а солидни меѓу стативите беа Мате Шуњиќ и Иван Пешиќ. Кај Русите се истакнаа Павел Андреев и Игор Сорока со по шест погодоци.
Германија одигра пријателски натпревар против Швајцарија и ја победи со 30-26, а Литванија славеше со 37-36 против Летонија во натпревар на кој по седум гола дадоа Аиденас Малашинскас и Даинис Кристопанс.
Полска беше подобра од Иран со убедливи 36-29, а на овој дуел настапија двајцата ракометари на Вардар, Јан Чувара и Патрик Валчак. Левото крило постигна четири гола, додека пикерот беше стрелец на еден погодок.