Репрезентацијата на Русија на 7 и 8 јануари ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска на ракометниот турнир „Кроација Куп“ во Осијек.
Селекторот на Русија, Велимир Петковиќ за натпреварите против Хрватска нема да смета на неколку играчи од неговиот состав.
Поради полесни повреди, за Хрватска не отпатуваа пикерите Александар Ермаков, Радовми Врачевич и Вјачеслав Казаткин, а проблеми имаат десниот бек Дмитриј Киселев и левиот бек од Брегенц, Михаил Виноградов.
Дефинитивно, за руската репрезентација на Европското првенство нема да настапат Сергеј Иванов и Илја Домин. Стручниот штаб на репрезентацијата на Русија реши да го повика ракометарот на Чеховски медведи, Никита Каменев, кој игра на позиција десен бек.
По турнирот во Хрватска, избраниците на Велимир Петковиќ се враќаат за Новогорск, а веќе на 13 јануари ги очекува првиот предизвик на Европското првенство. Прв ривал на Русија е селекцијата на Литванија. Русите ќе играат и против Словачка и Норвешка во рамките од Групата Ф.