Хаосот со откажувањето на пријателските натпревари пред стартот на Европското првенство продолжува.
Најнови на листата откажани натпревари се оние во Унгарија, меѓу домаќинот и Белорусија, кој требаше да се игра во Сент Миклош, како и дуелот меѓу Австрија и Словачка, кој требаше да се игра во Судштат.
Во редовите на белоруската селекција е откриен еден позитивен случај, но не е откриено дали се работи за ракометар.
Ист е случајот со словачката репрезентација, каде што беше добиен позитивен резултат кај еден член на делегацијата.
Во текот на денот беа откажани и средбите Данска – Норвешка, Словенија – Италија и Исланд – Литванија.