Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација денеска ја донесе најавена одлука за ракометарите што имаат позитивни тестови и кои треба да настапат на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.
Поради многуте позитивни тестови во репрезентатациите што ќе играат на континенталниот собир, претходното правило од „14 дена“ е променето, а веќе се известени и сите учесници, односно федерации.
Новата одлука е „пет дена изолација или карантин за оние што имаат добиено позитивни тестотви, а потоа ќе мора да добијат уште два негативни теста за да може да играат на ЕП“.
Тоа значи дека голем дел од ракометарите што веќе добија позитивни тестови во текот на подготовките, ќе можат да играат на континенталниот собир во Унгарија и Словачка, а со тоа натпреварувањето ќе го одржи своето ниво. Тие ќе мора да направат еден тест пред патувањето и еден по пристигнувањето на крајната дестинација.
Уште новитет е дека ќе може да се пријават и нови ракометари надвор од поширокиот список од 35 ракометари, но за тоа дозвола ќе треба даде ЕХФ која ќе ги разгледува причините за евентуалните такви барања од националните тимови.
Македонија ќе биде дел од групата А, што ќе се игра во „Феникс Арената“ во Дебрецин и ќе игра против Словенија на 13 јануари, против Данска на 15 јануари и против Црна Гора на 17 јануари.