Хаосот предизвикан од коронавирусот продолжува и понатаму. Се откажуваат голем број пријателски натпревари низ Европа пред стартот на континенталниот шампионат.
Најнов натпревар на листата на откажани натпревари е дуелот на ривалот на Македонија на ЕП – Словенија.
Словенците вечерва требаше да играат во Трбовље пријателски натпревар против Италија, но кај гостите се пријавени заразени ракометари.
Дали ќе се одигра вториот пријателски натпревар на 7 јануари во Копер меѓу овие два ривали, останува да видиме.
Откажани се и двете пријателски средби меѓу Литванија и Исланд што требаше да се играат во Рејкјавик на 7 и 9 јануари.