По селекцијата на Црна Гора, и селекцијата на Португалија го откажа учеството на пријателскиот турнир во швајцарскиот град Винтертур.
Беше предвидено учество на четири репрезентации на традиционалниот „Јелоу Кап“ од 7 до 9 јануари, но тоа нема да биде случај.
Исто како и Црна Гора, така и Португалија има проблеми со коронавирусот и не сака да ризикува дополнителни проблеми пред ЕП.
Организаторите најавија дека можно е да бидат одиграни две средби меѓу Украина и Швајцарија, другите два учесника, или да се најде уште некоја репрезентација која остана без проверки пред ЕП.
Континенталниот собир стартува на 13 јануари во Унгарија и Словачка, но многу ракометари нема да бидат во можност да им помогнат на своите репрезентации.