Најдобриот стрелец на швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, Самуел Зендер, на крајот од сезоната ќе си замине од клубот. Негов нов предизвик ќе биде Бундес лигата и ќе го облече дресот на Лемго.
Ривалот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, АЕК Атина, се ослободи од двајца ракометари. Станува збор за алжирските интернационалци – десниот бек Абдераим Берија и кружниот напаѓач Софијан Бенџилали.
Женската репрезентација на Холандија не успеа да ја одбрани светската титула на шампионатот во Шпанија, па ќе има нов предводник. Моник Тејстерман беше на клупата на „лалињата“ само за Мундијалот.
Откако го донесе Анте Кудуз, романскиот првак Динамо Букурешт обнови договори со четворица ракометари. Иранскиот голман Саид Хејдарирад го продолжи договорот до 2024 година, исто како левото крило Андреј Негру и средниот бек Октавијан Бизау. Договор на уште една година потпиша десното крило Валентин Јонеа.
Некогашната голема надеж на хрватскиот ракомет, Петар Топиќ, кој сега е унгарски репрезентативец, на лето ќе има нов клуб. Топиќ, кој беше нарекуван „новиот Игор Вори“, и кој своевремено играше за Металург и Пелистер заминува од Балатонфуреди и од лето ќе ги брани боите на Татабања.
Гинтарас Савукинас ја одработува третата сезона како тренер на украинскиот првак Мотор Запорожје. Раководството е задоволно од неговата работа, па договорот му беше продолжен до 2024. Нов двегодишен договор со Мотор потпиша и голманот Генадиј Комок.
Ривалот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, францускиот тим, постигна договор со јапонскиот среден бек Косухе Јасухиро. 21-годишниот Јапонец играше на СП во Македонија за кадети, а сега ќе се обиде да му помогне на Ним, кој има проблеми со повредите на Жан Жак Аквијо, Кентан Минел и Ахмед Хешам.