„Црвено-црните“ пријателства траат засекогаш, а последен доказ за тоа се Кристијан Дисингер и Тимур Дибиров.
Германецот си замина од Вардар, сега игра во Динамо Букурешт од Романија, а со неговата понежна половина Марија Андоновска, новогодишните празници ги минуваат во руската престолнина.
Во Москва има многу што да се види, а водичи на Дисингер и Андоновска низ милионскиот град беа Дибиров и неговата сопруга Ирина.
Иако владеат поларни температури во Москва во последните неколку дена, тоа не е пречка за убавото празнично расположение.