Женската кадетска репрезентација на Македонија го имаше најголемиот успех годинава откако во август успеа да се искачи на тронот на ЕХФ шампионатот.
Кадетките одработија одличен турнир во Литванија и донесоа голем скок напред за младинскиот женски ракомет. Победата на ова натпреварување значеше дека Македонија од следниот циклус е на Европските првенства и во кадетска и во младинска конкуренција.
Воедно Македонија доби неколку нови бисери на теренот кои ќе бидат иднината. Младеновска, Дукоска, Јовановска, Ризоска се само дел од ракометарките на кои ќе може да се смета и во иднина кои веќе добија место и во сениорската селекција.
Враќањето на Савевски во ракометот беше одличен потег и уште во првите акции покажа дека треба да се верува во овие ракометарки.