Капитенот на ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу реши да остане во романската престолнина откако со раководството на клубот се договорија на нова соработка.
Нејзиниот договор со екипата на ЧСМ Букурешт е продолжен на уште две години. Со нејзиниот потпис, романскиот тим во своите редови ја задржа една од најдобрите ракометарки на светот.
Неагу во својата кариера настапуваше и за екипите на Будуќност Подгорица, Валчеа, Рулментул Брашов и Плоешти.
Од страна на ИХФ четири пати беше избрана за играч на годината, 2010, 2015, 2016 и 2018 година. Во сезона 2014/15 со Будуќност ја освои Лигата на шампионите.
ЧСМ Букурешт пред еден ден го продолжи договорот и со ракометарката од Франција, Сираба Дембеле, која три сезони го носеше дресот на Вардар.