Досегашниот пивотмен на Прилеп, Александар Тренчевски, во продолжение од сезоната ќе настапува во финскиот шампионат.
Тој потпиша договор до крајот на сезоната со тимот на АИФК и ќе се обиде да и помогне на екипата од Турку за што подобар пласман.
Ова нема да биде прво искуство на Тренчевски во скандинавската земја, со оглед на тоа што настапуваше и во составот на Паргас ИФ.
Кружниот напаѓач пролетниот дел од минатата и есенскиот дел од оваа сезона ги мина во редовите на Прилеп и беше меѓу најдобрите играчи во составот на Горан Кузманоски.
Освен за Прилеп, Тренчевски на домашна сцена ги бранеше боите на Вардар Јуниор, Зомимак Струмица и Астраион.