Селекторот Жорди Рибера мораше да направи три принудни замени во планираниот ростер за првата фаза од подготовките на Шпанија за настап на ЕП.
Таа ќе се одвива од денеска до 30 декември во Мадрид, а Рибера не може да смета на Хорхе Македа и Родриго Коралес од Веспрем, како и Мигел Санчез Мигалон од Келце, иако причините не се наведени.
Место нив ги повика голманот на Бенфика – Сергеј Ернандес, десниот бек на ПИК Сегед – Иманол Гарсијандија и пикерот на Ла Риоха – Хавиер Родригес.
Шпанија ќе игра на турнир пред ЕП против Иран, Јапонија и Полска, а дали тројцата ракометари што нема да тренираат пред Нова Година ќе отпаднат официјално од комбинација за настап на континенталниот собир, останува да видиме.
Претходно стана јасно дека на ЕП нема да играат ниту браќата Алекс и Даниел Душебаеви.