Ојлески за 24Ракомет: Имаме искуство, а со помош на младите можеме до убав резултат

Репрезентацијата на Македонија денеска ќе има контрола против Кувајт после неколку дена тренинзи, а ова ќе биде шанса за да се видат квалитетите на сите од момците кои се во комбинација за настап.

Меѓу ракометарите е и повратникот Гоце Ојлески, кој со своето искуство ќе треба да им помогне на своите помлади колеги.

„Првпат сум во репрезентацијата со Кире како селектор. Сме играле заедно многупати и добро се познаваме. Разговаравме да се приклучам за да помогнам ако треба. Ништо не е сигурно околу тоа дека ќе ме земе и ќе учествувам на Европското првенство, но тука сум и ќе бидам тренирам за да им помогнам на помладите со искуството и ќе видиме како ќе се одвиваат пред се на подготовките“, вели Ојлески за 24 Ракомет.

Ривалите на Европското првенство се добро познати. Јасно е дека ќе биде тешко бидејќи само две од селекциите ќе одат во втората фаза.

„Има изменет ритам на натпревари, а понатаму одат само две селекции. Ќе биде навистина тешко бидејќи имаме тешка група. Данска и Словенија би ги издвоил како благи фаворити. Нема да се прдадеме, имаме искусна селекција. Тука е Лазаров, Стоилов, Миркуловски… Имаме искусен состав и со помош на младите можеме да се надеваме на пласман понатаму“, изјави Ојлески за 24 Ракомет.

Денеска натпреварот се игра во Маврово, а почетокот е Кувајт. Ова е првата од двете контроли бидејќи и в среда исто така ќе биде одигран натпревар со истиот противник.