Германија ќе го игра 14. Европско првенство во сосема нов состав бидејќи селекторот Алфред Гисласон започна со транзиција и приклучи голем број млади талентирани ракометари во тимот. Затоа целите за овој шампионат не се толку високо, но акцентот е ставен на подготовка на тимот за првенството на кое Германија е домаќин во 2024 година.
Германците се во импресивна серија од 20 последователни победи во квалификациите за ЕП оставајќи ги зад себе Австрија, БиХ и Естонија. Германија повторно ќе се соочи со Австрија во прелиминарната група на ЕП, а ќе играат уште и против Белорусија и Полска.
Гисласон се соочи со многу откажувања на играчите, а неколку објавија репрезентативна пензија како што се Уве Гeнсхајмер и Штефан Вајнхолд. Други познати имиња кои ќе недостасуваат во составот се Пол Друкс, Патрик Грецки и Фабијан Виде. Прашање е дали Германија има доволно искуство во тимот за голем успех бидејќи само пет ракометари учествуваат во Лигата на шампионите. Сепак, ракометарите играат во квалитетната Бундес лига што може да биде голем плус за Германија.
Помлади ракометари кои би можеле да имаат репрезентативен подем се Јоханес Гола и Тимо Кастенинг кои веќе одиграа едно првенство и би требало да бидат погдотвени да преземат поголема одговорност. Тука уште се и Тил Климпке, Себастијан Хејман и Јулуијан Костер кој настапува во втората Бундес лига во тимот на Гумерзбах.
ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – ЈОХАНЕС ГОЛА
Пивотот кој има 24 години ја одбележа новата ера на германскиот ракомет. Тој е најмладиот капитен на германскиот машки тим во историјата. Гола првпат како капитен ја предводеше својата репрезентација на дуел против Португалија кога славеа победа. Пикерот Гола е совршена врска помеѓу генерациите и ја има довербата од тимот и стручниот штаб.
ИНТЕРЕСНО
Седум репрезентативци на Германија го имаа своето деби на натпреварот во ноември против Португалија, а пет играчи од поширокиот список воопшто немаат настап во националниот тим. Од можните играчи за ЕП само тројца имаат над 100 настапи, тоа се Каи Хефнер, Патрик Винчек и Андреас Вулф. Германија има пропуштено само едно првенство од премиерата во 1994 година.
УЧЕСТВА НА ЕП
Вклучувајчи го ЕП 2022 – четиринаесетто учество на ЕП.
Најдобри резултати: Шампиони во 2004 и 2016 година, второ место во 2002 година и трето место во 1998 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Д
14 ЈАНУАРИ – 18:00ч
ГЕРМАНИЈА – БЕЛОРУСИЈА
16 ЈАНУАРИ – 18:00ч
ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА
18 ЈАНУАРИ – 18:00ч
ПОЛСКА – ГЕРМАНИЈА