Овие денови во Србија во организација на Српскиот ракометен сојуз и Европската ракометна федерација, се одржува третиот Модул од националниот семинар за стекнување на Мастер Коуч лиценца.
Четворица Македонци успешно ги одбранија своите теми и се стекнаа со највисоката тренерска лиценца.
Станува збор за Ице Соколески, Адријано Котевски, Игор Котевски и Божидар Мојсов, кои сега се во елитното македонско друштво.
Претходно Мастер Коуч лиценци добија и Филип Миркуловски, Горан Кузманоски, Билјана Црвенкоска, Зоран Петковски, Ацо Јоновски и Влатко Митков.