Машката сениорска репрезентација на Македонија се наоѓа на подготовки во Маврово, а таму ќе ги одигра и првите пријателски натпревари пред Европското првенство.
Ривал ќе биде селекцијата на Кувајт, која се подготвува за Азискиот шампионат, а веќе одигра два меча против Црна Гора и двата ги загуби.
Македонија и Кувајт ќе играат две средби на 27 и 29 декември во Маврово. Првата средба ќе започне од 18:00 часот, додека вториот двобој ќе почне од 16:00 часот.
Во рамките на втората фаза од подготовките во Скопје, ќе бидат одиграни уште два натпревари против Израел на 3 и 4 јануари.