Гевгелија ги уништи надежите на Шампион за место во плеј-оф

Ракометарките на Шампион испуштија голема шанса со бод или победа да дојдат до место кое ќе им дадеше шанса за плеј-оф бидејќи денеска загубија со 25:26 од Гевгелија откако беше промашен пеналот за реми после истекот на времето.

Во текот на целата средба се играше интересна средба во која гостинките беа во предност во најголемиот дел. Од почеток Гевгелија ја водеше играта и имаше постојана предност. Имаше и плус три во периодот кога се отвораше средбата (4:1, 5:2…), но потоа главно беше гол или два, а со еден разлика се замина и на одмор.

После минималните 14:13 на паузата, составот на Гевгелија продолжи да го диктира резултатот. Беше во предност, но како одминуваше времето така ракометарките на Шампион покажуваа дека можат до пресврт и до бодови.

Првпат дојдоа до водство на оваа средба при 23:22 после серија од 3:0, но гостинките веднаш го вратија водството и до крајот се играше гол за гол. При истекот на времето домашните добија пенал за нерешено, но Димитриевска биеше лошо и голманката на гостите интервенираше само победа на Гевгелија што беше причина тимот на Шампион да остане без место во плеј-офот.

ШАМПИОН – ГЕВГЕЛИЈА            25:26 (13:14)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

ШАМПИОН: Ивановиќ, Кралева, Стојановиќ, Георгиевска 5, Петровска, Т. Богоевска, Димитриевска 10, Митреска, Неделковска 6, А. Богоевска, Кочкова, Јовановска 2, Бојковска, Радуловиќ, Ристевска, Филипова 2

Седмерци: 6/11, Исклучувања: 6 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Наумоска, Горковска, Басова 1, Д. Митрова 11, П. Митрова, Димова 4, Атанасова 1, Петковска 8, Ибрахимовиќ 1

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328