Десниот бек на Келце, Бранко Вујовиќ, заедно со репрезентацијата на Црна Гора солидно ги стартуваа своите подготовки откако на пријателски натпревар забележаа две победи против репрезентацијата на Кувајт.
Ваквите подготовки за Црна Гора ќе бидат одлична можност за проверка на силите пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Вујовиќ е свесен дека Црна Гора на Европското првенство има тешка група и истакнува дека е време неговата репрезентација да го покаже своето право лице и да обезбеди пласман во следната фаза на самото натпреварување.
„Мислам дека на Европското првенство треба да се обидеме да го покажеме своето право лице и да направиме добар резултат. Не сакам да барам алиби, но нашата група е навистина тешка. Но, тоа нема да не спречи нас да дадеме сѐ од себе и да се пласираме во следната фаза“, изјави Вујовиќ.
Репрезентацијата на Црна Гора е еден од ривалите на Македонија во Дебрецен. Црногорците за противници освен Македонија ги имаат и селекциите на Данска и Словенија во рамките од Групата А.