Екс играч на Вардар влезе во Управниот одбор на Руската федерација

Ракометарот кој од 2013 до 2015 година го носеше дресот на Вардар, Микаил Чипурин доби нов функција во ракометот во Русија откако се најде во новиот Управен одбор на Ракометната федерација на Русија.

Чипурин покрај ова веќе извршува раководна функција во Москва, па со ова добива нова улога. Тој влезе во група на познати имиња од ракометот во Русија и ќе биде сигурно од голема помош за развојот на овој спорт.

Изненади потегот што поранешниот селектор на женската репрезентација на Русија, Евгениј Трефилов не е повеќе на позицијата потпретседател. При новото распоредување на функциите тој не се најде на ова место, доека досегашниот претседател Сергеј Шишкарев продолжува да ја извршува функцијата бидејќи доби нов мандат. Инаку, на оваа позиција е од 2015 година.