„Дишеме како еден, ни треба време и трпение – нашиот лимит не може да се процени“

Единствениот тим што успеа да го победи Вардар во Суперлигата е составот на Еурофарм Пелистер 2.

Битолчани се веднаш зад Вардар, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје на табелата, на чекор до плеј-оф и ќе се борат за место во европските купови.

Тренерот Александар Јовиќ вели дека екипата има огромен потенција, но лимитот не може да се процени.

„Овој прв дел од шампионатот можам да го окарактеризирам како позитивен. Имавме одлични натпревари и на домашен и на гостински терен. Самата победа против двократниот европски шампион говори сама за себе. Имаме огромен потенцијал во оваа екипа, треба да продолжиме да работиме, да се подготвиме добро, да направиме добри припреми и да влеземе максимално спремни во доигрувањето на првенството. Целта е да обезбеди плеј-оф. Мислам дека со овие досегашни натпревари тоа го заслуживме. Имаме добар спој на млади иискусни играчи. Ме радува што имаме добра атмосфера. Немаме поделба во екипата и сите дишеме заедно. Со макотрпна работа лимитот на оваа екипа не може да се процени. Имаме голем потенцијал, ни треба време, многу работа и најважното многу трпение“, вели Јовиќ.

Еден од најдобрите стрелци во ростерот на битолчани е левиот бек Павле Атанасијевиќ, кој вели дека сите натпревари биле тешки.

„Тешки беа овие 16 натпревареи. Имавме цел за исполнување, сите натпревари беа тешки и борбеноста и тимскиот дух беа видливи. Каде е мојата заслуга тука? Тимот го прави играчот, тоа имам само да порачам. Мислам дека имаме шанси да излеземе во Европа, но има уште многу од шампионатот и плеј-офот, па ќе видиме колку можеме“, изјави Атанасијевиќ.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515