Ракометарките на Деспина продолжуваат со добрите игри и ја остварија својата осма победа во 13. коло од Женската лига откако на домашен терен беа подобри од екипата на Шампион со 31:23.
После почетните минути кои поминаа во израмнета игра, во останатиот дел од натперварот Деспина го контролираше резултатот. На полувреме домашниот тим имаше водство од 14:11.
Шампион имаше слаб старт на второто полувреме, период во кој беше решен победникот. Депсина поведе со 18:12 и до крај на натперварот без поголеми проблеми ја сочува предноста за нова победа и зацврстување на третата позиција во групата А.
Предводничка до победата на Деспина беше Елена Рипилоска со 13 погодоци, додека во составот на Шампион се истакнаа Ана Георгиевска и Ангелa Петровска со по седум гола.