Друштвото на македонски тренери со Мастер Коуч лиценци од денеска е побогато за уште шестмина.
Станува збор за некогашни репрезентативци на Македонија во машка и женска конкуренција, од кои некои се уште се активни како играчи, а некои ја почнаа и тренерската кариера.
Тоа се Ацо Јоновски (Ратинген), Горан Кузманоски (Прилеп), Филип Миркуловски (Вецлар), Билјана Црвенковска (Алкалоид), Зоран Петковски (Вардар) и Влатко Митков (Холабрун), кои го успешно го завршија Третиот модул и успешно ги одбранија своите теми.
По 16 дена и 160 часови онлајн предавања во организација на Хрватскиот ракометен сојуз, покрај македонските тренери, Мастер Коуч лицена добија уште други 28 тренери меѓу кои има и познати имиња.
Meѓу нив некогашната ракометарка на Кометал ЃП – Ана Крижанац, екс ракометарката на Будуќност, Сузана Лазовиќ, како и поранешните олимписки прваци со Хрватска – Игор Вори, Љубо Вукиќ, Ирфан Смајлагиќ и Валтер Матошевиќ.