Тренерот на Вардар, Владо Недановски имаше добро деби на кормилото на „црвено-црните“ бидејќи освои бод против Еурофарм Пелистер со кој вардарци имаат подобар меѓусебен дуел против битолчани со оглед дека ги совладаа на домашен терен. Сега со ист број бодови ќе имаат предност на табелата бидејќи меѓусебниот дуел им носи позиција побисоко.
После ремито од 27:27, Недановски имаше свој коментар.
„Самиот натпревар беше од големо значење и не можеше да се биде растоварен на теренот. Успеавме да направиме добра анализа околу тоа кој како игра во напад и во одбрана, а ракометарите испочитуваа сè на теренот. Сите беа на висина на задачата и успеавме да го освоиме овој бод така што сега се враќаме во предност во однос на Еурофарм Пелистер“, изјави Недановски.
Според него момците испочитувале според него момците испочитувале сè што било договорено пред натпреварот.
„Нас на овој дуел не интересираше само поволен резултат и успеавме да дојдеме до него. Најважна беше дисциплината и концентрацијата во текот на сите 60 минути, кои беше тешко да се задржат пред ваква публика“, изјави Недановски.
Овој бод може да значи и прво место за Вардар на крајот од регуларниот дел и пренесување на бод повеќе од Еурофарм Пелистер во плеј-офот.