Најголемите ривали во првенството Еурофарм Пелистер и Вардар, денеска во Битола ќе го одиграат вториот натпревар од регуларниот дел од Суперлигата.
Францускиот интернационалец Жереми Тото за 24Ракомет ги истакна своите очекувања во пресрет на големото дерби кое ќе се игра во Битола.
„Мотивацијата е на високо ниво и решени сме да успееме. Направивме кикс против вториот тим на Еурофарм Пелистер кој не треба да го повториме, играа многу добро против нас. Сите ја знаеме важноста на овој дуел и сите се подготвуваме за него. Зборувам во името на целата екипа, одиме да победиме на овој натпревар. Треба да го почитуваме дресот на Вардар кој го носиме, тренерот Вујовиќ направи се што беше во негова моќ со сите оружја што ги имаше, останува да видиме што ќе се случи“, рече Тото.
Натпреварот е на програмата во среда со почеток во 18:00 часот, а ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ со присуство на 50% проценти од вкупниот капацитет на гледачи.