Тимот на Деспина се враќа со победа од гостувањето кај Феникс во Битола, откако избраничките на Страшо Илиески славеа со убедливи 20-31.
Гостинките уште од стартот си го фатија редот, поведоа со 0-3, во продолжение имаа и 5-10, а до паузата ја задржаа таа предност, 8-13.
Во вториот дел, по 10-14, прилепчанки зголемија на 10-19 и веќе немаше дилеми до крајот околу победникот на овој натпревар.
Македонската репрезентативка Емилијана Ризоска даде 11 гола, но тоа беше премалку за Феникс, додека кај победничката екипа по седум погодоци дадоа Ангела Камческа и Сара Цветковска.