Познати се термините за двомечот меѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Словенија во рамките на Евро Купот.
Двата домаќини на следното Европско првенство ќе играат меѓусебе во март следната година, а домаќини ќе бидат Целје и Скопје.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија ќе се игра на 3 март во Целје со почеток во 18:00 часот.
Реваншот меѓу двете селекции ќе се игра на 6 март со почеток во 18:30 часот во македонската метропола.
Во истите термини, своите два меча ќе ги одиграат и селекциите на Норвешка и Црна Гора.