Екипата на Тор Акурејри забележа нова победа во 2. лига на Исланд со што продолжува со добрата форма, а овој пат триумфот беше на гостувањето кај Селфос со 25:24.
Стевче Алушовски одржува добар ритам со ракометарите така што тие се во добра форма и продолжуваат со победите со кои остануваат во конкуренција за пласман повисоко. Ќе треба тоа да се потврди и на следните средби, што е за очекување.
Томи Јагуриновски одново беше еден од подобрите во тимот на Тор. Тој постигна пет гола во новата победа со што успева да ја одржи својата форма на високо ниво.