Вардарци обезбедија нова победа во Супер машката лига совладувајќи го Радовиш на гостински терен со 37:20, но во натпревар во кој имаше две различни полувремиња.
Ракометарите на Вардар во првиот дел имаа силен отпор од противникот и главно беа само на 2-3 гола позитива. Највисоките плус пет при 11:6 не ги зачуваа до заминувањето на одмор, па на омор заминаа само со 14:11.
Овие плус три гола, сепак, беа причина во вториот дел од средбата да се види една сосема поинаква игра од „црвено-црните“. Многу порешително и со многу поефикасна игра се дојде до постојано зголемување на водството. Во ниту еден момент немаше никакви проблеми за да се дојде до убедлив триумф.
Брзо беше обезбедена двоцифрена предност од 24:14, па потоа можеше само да се надополнува ова водство до крајот и да се дојде до победа од 37:20 што беше и очекувано.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА