Репрезентацијата на Данска ќе биде третиот ривал на Македонија на Европското првенство во јануари, а натпреварот е закажан за 17 јануари. Селекторот Николај Јакобсен веќе ги соопшти имињата на 35 ракометари на кои смета за овој шампионат, а нема изненадувања во составот.
Шанса за настап ќе добијат играчи кои и досега беа дел од тимот така што нема да има ништо непредвидено околу кадарот со кој Данците ќе се борат за ново место вотрката за медалите.
Данска е фаворит за место во финалето, а на теренот ќе биде предводена од Микел Хансен, браќата Ландин, Гидсел, Андерсон…
СОСТАВ НА ДАНСКА ЗА ЕП 2022
ГОЛМАНИ: Никлас Ландин (Кил, Германија), Себастијан Франдсен (Порто, Португалија), Јаник Грин (Магдебург, Германија), Кевин Мелер (Флензбург, Германија), Емил Нилсен (Нант, Франција).
ЛЕВИ КРИЛА: Магнус Ландин (Кил, Германија), Магнус Браминг (Холстебро), Емил Јакобсен (Флензбург, Германија), Каспер Мортенсен (Хамбург, Германија).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Ласе Андерсон (Фуксе Берлин, Германија),Николај Кристенсен (Алборг), Михаел Дамгард (Магдебург, Германија), Микел Хансен (ПСЖ, Франција), Јакоб Холм (Фуксе Берлин, Германија), Смил Ларке (ГОГ, Данска), Ханс Арон Менсинг (Флензбург, Германија).
СРЕДЕНИ БЕКОВИ: Томас Арнолдсен (Скандерборг), Расмус Лауге Шмит (Веспрем, Унгарија), Мадс Мензах Ларсен (Флензбург, Германија), Хенрик Мелгард Јенсен (Алборг), Симон Питлик (ГОГ).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Матијас Гидсел (ГОГ, Данска),Никлас Киркелоке (Рајн Некар, Германија), Јакоб Ласен (Бјерингбро, Данска), Николај Орис Нилсен (Бјерингбро).
ДЕСНИ КРИЛА: Јохан Хансен (Хановер, Германија), Патрик Ларсен (Лајпциг, Германија), Ханс Линдберг (Фуксе Берлин, Германија), Ласе Сван (Флензбург, Германија).
ПИВОТИ: Рене Антонсен (Алборг), Симон Халд Јенсен (Флензбург, Германија), Бенјамин Јакобсен (Алборг), Магнус Саугструп Јенсен (Магдебург, Германија), Рене Тофт Хансен (Бјерингбро), Хенрик Тофт Хансен (ПСЖ, Франција).